„Можеби избрзав малку“ вели Саша Богдановиќ откако го нарече Никола Димитров „идиот“

0
81

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, на својот профил на Фејсбук му честиташе на писателот Петер Хандке за Нобеловата награда за литература, чиешто врачување беше бојкотирано од неколку земји поради поддршката што Хандке ја давал на Слободан Милошевиќ и на неговиот режим во текот на војните во поранешна Југославија и поради негирањето на геноцидот во Босна и Херцеговина, пишува „Порталб.мк“. Потоа во коментар Богдановиќ го нарече македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров „идиот“, но набргу го избриша коментарот.

 

Богдановиќ за „Порталб.мк“ вели дека навредата била последица на избрзана постапка и дека воопшто не поддржува луѓе што поддржуваа злосторства против човештвото.