Мурати за МИА: Уставниот суд ќе го почека и ќе го земе предвид одговорот од Собранието

0
87

При донесување конечна одлука по овој предмет треба да бидат земени предвид одговорите од доносителот на оспорениот акт – Собранието на Македонија и евентуално и на другите учесници во постапката, како на пример Владата на Македонија, вели во интервју за МИА претседателотна Уставниот суд, Сали Мурати.

-Во однос на поведувањето на постапка за оценување на уставноста на Законот за дополнување на Законот за помилување, истата е во тек, односно во втора фаза.  Тоа значи дека Судот со одлучувањето да поведе постапка изразил сомнеж во уставноста на оспорениот закон при што е потребно да се утврди текстот на решението за поведување постапка на седница на Судот во кој ќе се образложат причините поради кои Судот одлучил на овој начин, истакнува Мурати.