Над 50 лица приведени во Атина на протестот за годишнината од убиството на средношколец

0
152

Преку четириесет лица се приведени, а дополнителни десет се уапсени во синоќешниот судир меѓу анархистите и полицијата во Атина по протестниот марш со кој се одбележува годишнината од убиството на средношколец од полицаец во 2008 година.

Група на млади лица фрлиле молотов коктел врз полицијата, а тие возвратиле со солзавец, по што демонстрациите се растуриле, пренесе Екатимерини.

Според полицијата на протестот имало околу 5 илјади граѓани, додека во текот на денот бил организиран и марш на студенти.

Станува збор за протест поради убиството на средношколецот Алексис Григорополус, кој на 6 декември 2008 година беше застрелан од полицаец.