Нема бегање од избори на 12 април?

0
79

Избори на 12 април ќе има, оти партиите се договорија така, коментираат од партиите, по изјавата на премиерот Зоран Заев дека изборите може и да се одложат, доколку во Собранието не се донесат суштинските закони кои се значајни за животот на граѓаните.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Jанушев вели дека избори ќе има и дека веројатно Заев го фаќа паника и се обидува на секој можен начин да проба да ги одложи изборите. Изборите се договорни од сите политички субјекти на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, и од тоа нема бегање, рече Јанушев на прес-конфеенција.

Од коалициониот партнер на СДСМ во владата, велат дека тие се за избори.ДУИ со нетрпение ги очекува изборите и следната победа, изјави денеска во Собранието пратеникот на оваа партија Артан Груби.