(НЕ) ХИГИЕНА ВО УЧИЛИШТАТА – ИМА ЛИ ОПАСНОСТ ОД ШИРЕЊЕ НА ЖОЛТИЦА

0
88

Уште еден средношколец во Скопје заболел од жолтица. Ученици со какви било симптоми на болеста се ослободуваат од настава за да се спречи ширењето на заразата, велат од министерството за здравство, но не ги откриваат училиштата каде има заразени ученици. Тврдат дека состојбата будно се следи и дека засега нема простор за паника.

Досега во 5 основни и во 4 средни училишта се регистрирани ученици со жолтица, но министерството заздравство тврди дека извор на заразата не се училиштата.

Од здравствениот инспекторат велат дека за секој пријавен ученик со жолтица вршат увид во училиштето и даваат противепидемиски препораки. Здравствените инспектори тврдат дека досега не нашле никакви хигиенски пропусти во ниту едно училиште каде се откриени заразени ученици.