Нови 9.500 канти за отпадоци во Струмица

0
81

ЈПКД „Комуналец“ во соработка со општина Струмица заврши со доставувањето на нови канти за отпадоци, информираат од струмичкото комунално претпријатие.

-Поделени се бесплатно околу 9.500 нови пластични канти со зафатнина од 120 литри со цел да се подобри квалитетот на собирање на отпад од домаќинствата и улиците да бидат почисти и поуредени, информира Бранко Ѓоргиев од „Комуналец“.

Покрај делењето канти во текот на годината се поставени и 300 нови контејнери на повеќе локации во градот за одлагање на сметот од објектите за колективно домување.