НОВОГОДИШНА ХУМАНОСТ – ПАКЕТИ СО ОБЛЕКА ДОНИРАНИ ЗА БЕЗДОМНИЦИ

0
143

Ќебиња, вреќи за спиење, зимска гардероба и топол оброк денес добија 70 бездомни лица, кои се корисници на услугите на Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток .

Меѓу нив и Таир Даут, кој по излегувањето од затвор во 2013 та година станува бездомник. Денес Таир е комплетно ресоцијализиран благодарение на Црвениот Крст , наместо во лимената гаража во која живеел , гаражата со донации добива ѕидови и денес има обезбеден дом, по кои копнеел долго, и работа со која може да се издржува.

За разлика од него, Калцинов Ице , живее и спие под отворено небо , не може да се снајде со работа и е препуштен на милоста на добрите луѓе , која за жал не е доволна .