Обвинение за скопјанец кој повредил роднина и ја убил неговата сопруга

0
139

Тој на 14 јуни по вербална расправија и физичка пресметка со негов близок роднина, со нож отишол во домот на роднината. Кога роднината го видел и тој зел нож за да се брани по што настанала тепачка. Со намера да ги раздвои меѓу двајцата застанала сопругата по што обвинетиот замавнувајќи со ножот и ја убил нанесувајќи и убодна рана во градниот кош и срцето. Потоа обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот и роднината нанесувајќи му две површински рани во пределот на градниот кош и една убодна рана во стомакот по што го фрлил ножот во дворот на куќата и заминал.

За скопјанецот е побарано продолжување на мерката притвор со образложение дека постои опасност од бегство и можност да го повтори или доврши кривичното дело. /МИА