Обезбедени средства за изградба на нова Универзална сала

0
78

Нова Универзална сала ќе добие Скопје за што се обезбедени средства. Изградбата ќе почне по Нова Година.

Ова денеска од Скопје го најави градоначалникот Петре Шилегов на завршната трибина „На прав пат“ што се одржа во спортската сала „Борис Трајковски“.

– Заедно со Владата обезбедивме средства за конечно да изградиме нова Универзална сала која ќе биде градена согласно сите потребни стандарди за една културна институција. Изградбата на Универзалната сала ќе започне веднаш после Нова година, рече Шилегов.