Обид за атентат на црногорскиот бизнисмен и трговец со оружје Миодраг Дака Давидовиќ

0
124

Синоќа во Белград беше застрелан познатиот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. Човекот, кој според локалните медиуми имал силни политички врски и тргувал со оружје, настрадал во лобито на хотелот „Краун плаза“ во кој живее.

Миодраг Дака Давидовиќ е голем ктитор на СПЦ. Во фокусот на јавноста стигна по антибироктратската револуција во Црна Гора во 1989 година, до кога работел како финансиски раководител во железарницата „Борис Кидриќ“ во Никшиќ.

 

Заедно со сега покојните Павле Булетовиќ и Момир Булатовиќ, инаку прв непосредно избран претседател на Црна Гора, именуван е за началник на Центарот за безбедност во Никшиќ. Беше тоа во времето непосредно пред избивањето на граѓанската војна во тогашна СФРЈ.