Ограбени две цркви во Чучер Сандево

0
69

Во текот на вчерашниот ден пријавени се кражби во црвката „Св. Меркуриј“ во селото Мирковци и во манастирот „Св. Никита“ во селото Горњани, кои се дел од општината Чучер Сандево.

Првата кражба во Мирковци е извршена во периодот помеѓу 3 и 5 декември од страна на неколку лица.

Од полицијата информираат дека одземени се предмети и огревни дрва.

Кражбата во манастирот во селото Горњани се случила во периодот помеѓу 4 и 5 декември од страна на едно лице, кое одзело пари.

МВР вели дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.