Од запоставена општина, денес Ѓорче Петров е отворена и развојна општина која работи за граѓаните

0
68
За две години локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски спроведоа бројни мерки за развој на општина Ѓорче Петров.
Со чесно и домаќинско работење, денес Општината е целосно раздолжена, а постојано се инвестира во проекти важни за граѓаните.
Поставени се 30 километри фекална канализација, а обезбедени се средства за целосно завршување на канализационата мрежа во Волково и Кисела Јабука.
Реконструирани се над 50 улици низ сите населени места во општината.
По 60 години се гради нова училишна спортска сала во основното училиште Јоаким Крчовски.
Започнува проектот за поставување на ново, модерно и ефикасно улично осветлување, а во изградба е новото корзо во Ѓорче Петров.
Наредната година започнува изградба на нова детска градинка во Волково со капацитет од 175 деца.
Најголемата инвестиција во македонското здравство, нов Клинички центар ќе се гради во нашата општина, во Ѓорче Петров.
Ова се само дел од спроведените мерки кои го унапредуваат животот во Ѓорче Петров.