Од затвор во нафтениот бизнис: „Тритерол петрол“ пријавени дека продaваат лошa нафта

0
83

Неквалитетно екстра лесно гориво, наменето за греење на ученици, студенти и административни работници, се дистрибуира низ институциите во целата држава. Ова произлегува како заклучок од пријавите кои засегнати установи ги испратиле до Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и ја пријавиле фирмата „Тритерол петрол“ дека им доставува нафта за греење со сомнителен квалитет.

Директорот на инспекторатот, Стојко Пауновски потврди дека во текот на оваа недела ќе излезат тимови да го проверат квалитетот на лесното гориво во нивната нова лабораторија наменета токму за испитување квалитет на нафта и нафтени деривати. Кога ќе се земат примероци и кога ќе има резултати уште не се знае. Списокот на институции кои набавуваат нафта за греење од „Тритерол“ е подолг, а некои од нив реагирале затоа што забележале честички од други состојки во нафтата, а кај некои горивото го расипало системот за греење, најверојатно со затнување на вентилите.