ОКТА отвори бензиска пумпа во Автокоманда

0
133

Брендот ОКТА ја отвори својата 27 бензиска станица во населба Автокоманда. Новата бензинска ќе биде отворена 24/7, а во нејзин состав ќе има супер маркет, автоперална и ресторан. Претставници од ОКТА посочија дека бензиската станица ќе понуди горива од врвен квалитет. Новата бензиска на ОКТА е опремена со четири пумпи со најсовремена опрема.

 

„Денеска семејството ОКТА стана побогато со својот 27-ми член. Со изворедниот дизајн и иновативната технологија, оваа бензиска станица веднаш ќе прерасне во претпознатлив симбол на градот Скопје. Сега, нашите потрошувачи мождат да најдат се на едно место, горива со врвен квалитет, одлична услуга, авто перална, мини маркет и светски познат ланец на храна“, рече Јанис Геруланос- главен извршен директор на ОКТА.