Опозицијата бара Собранието утре итно да расправа за аерозагадувањето – за Владата тоа годинава не е алармантно

0
71

BМРО ДПМНЕ бара од спикерот Талат Џафери како прва точка на утрешната пленарна седница да ја стави нивната информација за состојбата со аерозагадувањето.

Пратеничката група од опозицијата тврди дека согласно Деловникот спикерот е обврзан да ја стави на дневен ред.

„Поради алармантноста на ситуацијата во однос на загадувањето на воздухот истата да биде разгледана и по неа дискутирано во текот на утрешната седница. Оваа точка бараме да се стави како прва точка на дневен ред на утрешната пленарна седница.

Ова господинот Талат Џафери е обврзан според членот 69 став 3 од Деловникот на Собранието“, велат од ВМРО – ДПМНЕ.