Османи: Со една изборна единица ДУИ добива два, но Албанците губат десет пратеници

0
77

Вицепремиерот Бујар Османи денеска зборуваше за измените на Изборниот законик во Македонија.Како што рече со една изборна единица ДУИ добива два пратеника повеќе, но така губат Албанците

.– Вистина е дека една изборна единица повеќе му одговара на ДУИ, затоа што математиката вели дека ДУИ како најголема албанска партија може да земе два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест, но ќе се намали бројот на албански пратеници, од осум до 10 пратеника. Па сега вие оценете дали е подобро ДУИ да добие два пратеника повеќе или Албанците да загубат осум или 10 пратеници – изјави Османи.