Отстранети сликите на Груевски од партиското седиште

0
79

Ѕидовите на ходникот на седиштето на ВМРО ДПМНЕ останаа празни. Отстранети се сите слики од поранешниот лидер на партијата Никола Груевски кои со години сведочеа за неговите активности и меѓународни средби. Ваквиот потег опозициската партија го оправдува со потребата од нови илустации за нови лица.

Планираме нова содржина на илустрации на проектите кои ќе ги работи идната Влада преводена од ВМРО ДПМНЕ, се со цел да можат новинарите од блиску да се запознаат со истите, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Дека ВМРО ДПМНЕ сака да дистанцира голем број поранешни функционери и актуелни пратеници говори и фактот што на пратеничките листи ќе стават нови неафирмирани кадри. Очекуваат да добијат 61 пратеник и да формирата Влада.

И СДСМ очекува победа на изборите на 12 април а потоа ќе одлучува со кого ќе коалицира.

ДУИ има свои услови за коалицирање,почитување на Преспанскиот, Охридскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија. Убедени се дека ќе бидат дел од новата Влада.

Опозициските партии на Албанците, Беса и Алијансата ќе настапат заедно на изборите. Упатија апел до партиите предизборно да не ги подгреваат меѓуетничките односи.

До крајот на неделава ќе заседаваат и највисоките партиски тела на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ на кои ќе се одлучува за имињата на техничкиот премиер и дополнителните министри.
Извор Телма