ОЈО за гонење на организиран криминал ќе го проверува случајот со уништените инсулини

0
78

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе го проверува случајот со уништените инсулини на Министерството за здравство. Ќе се проверува потеклото на инсулините и процедурата на унуштување, потврдија за НОВА од Обвинителството.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следи написите по медиумите во врска со случувањата во Министерството за здравство и ќе преземе дејствија за проверка на потеклото на лекот и процедурата за уништување на истиот. Доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности“, велат за НОВА во ОЈОГОКК.

Од таму информираат дека надлежен јавен обвинител активно постапува за случајот со увозот на фалсификувани лекови, постапка која што беше отворена во 2017 година, врз основа на истражувањата на НОВА. За овој предмет кој цели две години е во предистражна постпка детали не се соопштуваат.

„Ве информираме дека надлежен јавен обвинител активно постапува во постапката за увозот на фалсификуваните лекови. Во интерес на предистражната постапка која согласно закон е тајна, во моментов обвинителството не може да сподели детали“, се вели во одговорот од Обвинителството.

Во Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) потврдуваат дека уништените инсулини се од паралелен увоз. Сепак, упатените во фарамацевтските кругови велат дека недостасува транспарентност за целиот случај со уништувањето на инсулините.

Препукувањата на релација ВМРО ДПМНЕ и здравствените власти траат неколку дена, откако опозицијата излезе со прес конференција на која обвинија дека на 5 декември бил унитен инсулин во вредност од 1,5 милиони евра, шетс месеци пред истекот на рокот.