Панки не е зад решетки, фотографиран во кафуле со директорот на Зоолошка

0
76

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски, синоќа објави заедничка фотографија со Сашо Каимовски-Панки, по што повеќе медиуми напишаа дека пејачот на популарното дуо „Куку леле“ не е повеќе зад решетки.

Во март годинава, Панки беше уапсен на граничниот премин Евзони при обид за влез во Грција, наводно поради европска потерница распишана пред 13 години од страна на германските власти, за учество во мрежа која крадела податоци од банкомати.

Првото приведување на Каимовски во Грција се случи во мај 2008 година. Тој и уште две други лица, осомничени во големата акција наречена „Банкомат“, беа приведени од тамошната полиција. Тогашното апсење на Каимовски беше потврдено од македонското конзуларно претставништво во Солун, но не и од Министерството за надворешни работи. „Правосудство.мк“ тогаш информира за одредени шпекулации дека обелоденувањето на скандалот со празнењето на банкомати, наводно било избрзано и прерано објавено во медиумите, па надлежните не само што не ја затвориле листата на сите инволвирани, туку и не успеале да ги обезбедат сите предвидени докази.