Партиите и натаму различно го толкуваат членот 11, опозицијата бара да нема амнестија за политичари

0
78

Власта и опозицијата различно толкуваат што за Уставниот суд ќе значи заклучокот на собраниската комисија дека не е потребно автентично толкување на членот 11 од законот за помилување .

Од власта тврдат дека иако нема автентично толкување одлуката упатува на тоа дека членот 11 не постои од 2009 година со што шефот на државата не може да дава помилувања надвор од процедурата.

Според нив, тоа треба да биде земено пред вид и од Уставниот суд кога ќе одлучува дали е уставно и можно повлекувањето на помилувањата. Но дури и да не биде земено пред вид, од СДСМ тврдат дека помилувањата на претходниот претседател Ѓорѓе Иванов од 2016 година за предметите од СЈО, нема да важат.