Пендаровски: Во 21. век беспредметно е да разговараме дали постои македонски јазик

0
84

Официјална Софија има усогласен став околу признавањето на македонскиот јазик. Бугарскиот амбасадор во земјава не понуди поинаков став од оној на академиците во Софија, кои заклучија дека македонскиот јазик е писмено – регионална норма на бугарскиот.

 

“Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа”

 

Во Декларацијата за поддршка на евроинтегративниот пат на Македонија се бара при преговорите на земјава со Унијата, никаде да не се спомнува македонскиот јазик, а “доколку постои апсолутна неопходност”, тоа да биде со фуснота која ќе појасни дека е тоа “согласно со Уставот на Република Северна Македонија“.

 

За претседателот Пендаровски, дискусијата е беспредметна и пред се застарена.

 

Претседателот потсети дека македонскиот јазик е нормиран и признаен како посебен од Обединетите Нации уште во 1979 година, а секое негово негирање ќе значи застој во добрососедските односи.