Пендаровски се обрати на доделувањето на признанието Македонски квалитет за 2019 година

0
94

Доделувањето на признанието е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија, а под покровителство на Претседателот на Република Македонија и има за цел да оддаде признание на националните бренд амбасадори кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата, но и на меѓународно ниво.

„Благодарам на честа да бидам покровител на една ваква навистина значајна и специфична манифестација на која се доделува Признанието за македонски квалитет. Од доделените признанија се уверивме дека оваа година добитници се компании од различни стопански гранки, а меѓу нив и едно културно- уметничко друштво што сведочи за значењето на квалитетот и во уметноста и воопшто во културата. Диверзитетот на добитниците, освен стопанските субјекти се гледа и низ фактот што добитник на признание за македонски квалитет е и една образовна институција. И самиот долги години како професор бев вклучен во образовниот процес и од прва рака можам да посведочам дека без квалитетно образование нема квалитетни кадри, а, без образувани поединци нема ниту економски развој. Оттука мора да се инсистира на постојано подигнување на  квалитетот на образованието кое треба да биде во чекор со актуелните трендови, особено со потребите на пазарот на трудот.