Пендаровски со одговор до БАН – македонскиот јазик е факт

0
83

Македонскиот јазик е факт и би било губење време да се убедуваме дали тој постои или не. Вака претседателот Стево Пендаровски одговори на тврдењето на Бугарската академија на науките дека македонскит јазик е непостоечки, нарекувајќи го „регионална форма на бугарскиот јазик“.

 

„Македонскиот јазик и македонската нација се факт. Македонскиот јазик е лингивистички факт децении и децении наназад и тоа е утврдено на меѓународно ниво. Мислам дека е беспредметно да разговараме за нешто што е гол факт, ноторен факт кој го знаат сите, не само кај нас и не само кај нив, го знаат во целиот свет“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Македонија.

 

Премиерот Заев денеска повтори дека официјално ќе се реагира до Бугарија, но оти се уште не е утвредено во каква форма.

 

„Разговарав веднаш со МНР. Еден дел од ракциите секогаш се формализираат со протестна нота, друг дел се реакции кои што значат повикување на амбасадорот на разговор во самото министерство, трет дел на реакции се на политичко ниво разговори. Јас веќе воспоставив контакт со премиерот на Бугарија, Борисов. На крајот на годината или на почетокот на годината ќе се видиме, ќе поразговараме“ , Зоран Заев, премиер на Македонија.