Пентагон: САД ги користат базите во Турција само со дозвола од Анкара

0
77

САД ги користат турските воени бази, вклучувајќи ја и воздухопловната база Инџирлик, само со дозвола на Анкара. Така коментираше Пентагон за изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за затворање на базите Иннџирлик и Куреџик доколку Вашингтон воведе санкции кон Анкара заради руските ракетни системи С-400.

„Присуството на американски сили во турските бази, вклучително и базата Инџирлик, се спроведува со дозвола на турската влада. Ние го гледаме статусот на нашите сили во Турција како симбол на нашата долгогодишна посветеност да соработуваме и да го заштитиме нашиот сојузник и стратешки партнер на НАТО”, јави Тасс пренесувајќи изјава на Пентагон.