Поведена постапка скопјанец кој поседувал марихуана во својот дом

0
81

Осомничениот 38-годишен скопјанец, во неговиот дом во село Сарај, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 40.19 грама и семки од канабис во вкупна нето маса од 2.63 грама. При претресот во домот на осомничениот, на 4 ти декември, дрогата била пронајдена и одземена, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог за определување мерка притвор против осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело.