Повторно се затресе Албанија: 12 земјотреси во овие неколку дена, граѓаните во паника

0
130

Албанија денеска повторно ја потресе земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтерова скала.

 

Како што објавил Европскиот медитерански сеизмолошки центар, тоа бил 12 потрес регистриран во Албанија во последните 71 часа.

 

Земјотресот е регистриран на длабочина од 27 километри.

 

Првиот извештај од местото на настанот говори дека нема материјални штети, но дека луѓето во паника излегле на улиците.

 

Да потсетиме, во серијата силни земјотреси кои кон крајот на ноември ја погодија Албанија настрадаа 52 лица.