Пожар во фабриката „Киро Дандаро“ во Битола

0
79

Силна експлозија предизвика пожар во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. Експлозијата се слушнала околу 22 часот синоќа, по што на терен интервенирала Противпожарата единица од Битола.

Од полиција велат дека во пожарот нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета.

Во клиничката болница во Битола велат дека нема пријавено лица кои што кај нив се пожалиле на повреди од пожарот.