Полицаецот кој загина на автопатот Тетово-Гостивар бил удрен од две возила

0
80

Полицискиот службеник бил удрен од две возила на двете страни од Автопатот Тетово – Гостивар. Трагедијата се случила на петстотини метри од клучката за село Тумчевиште.

Неговиот колега бил удрен само од првото возило Форд Фокус, со кичевски регистарски ознаки управувано од 31-годишник од кичевското село Грешница. Од ударот полицаецот се здобил со тешки телесни повреди. На лекување е во гостиварската болница и се наоѓа во стабилна состојба.

Двајцата полициски службеници го обезбедувале Автопатот Тетово – Гостивар синоќа околу 19 часот и 5 минути.

Повредениот полицаец го затекнавме во болничката соба. Видно вознемирен кратко ни посведочи за настанот.