Полицаец од станицата „Центар“ малтретирал жена

0
75

Одделот за внатрешна контрола на МВР поднесен кривична пријава против полицаецот В.С. од полициската станица „Центар“ во Скопје кој малтретирал жена.

Од МВР известија дека против полицаецот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело малтретирање во вршење на служба.

Според полицијата, ноќта помеѓу 28 и 29 минатиот месец, сега осомничениот врз приведена жена применил средства за присилба и физичка сила во повеќе наврати, без да бидат исполнети условите за употреба на средства за присилба.