Поради тешки изгореници почина момчето во чиј стан вчера изби пожар

0
84

Почина 24-годишниот А.С. кој се здобил со тешки изгореници на телото од пожарот што вчера изби во неговиот стан во Тетово. Младиот тетовец се наоѓал под респираторниот апарат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега, но и покрај третманот, лекарите велат дека длабочината на изгорениците нанесело штета на многу негови витални органи.

Вчера пожарот го опфатил станот на улицата „Димо Гавровски“ во Тетово каде што живеел сега починатиот А.С. додека дванаесет други жители на зградата се здобиле со полесни повреди како резултат на пожарот и биле лекувани во тетовската клиничка болница.