Порака на Народниот правобранител по повод 10 Декември – Денот на човековите права

0
74

„Да се радуваме додека сме млади“

 

Вака почнува познатата химна на Универзитетите.Универзалноста и значењето на оваа порака ја има истата компонента како и универзалноста и значењето на овој ден- 10 декември кога во целиот свет се слават човековите слободи и права, годинава во знакот на максимата „Млади застанете за човековите права“.

 

Има ли подобро нешто од повикувањето, поттикнувањето на младите без разлика на која раса и припаѓаат, во која религија веруваат, на која етничка заедница и припаѓаат, да застанат и да се борат за своите права.Борејќи се за своите тие всушност се борат за правата на сите, посебно за оние кои поради разни причини (војни, неписменост) не се во можност за тоа да дејствуваат.