ПОСТАВЕН ПРВИОТ ТАСТЕР ЗА ПЕШАЦИ

0
85

Скопје денес го доби првиот семафор со тастер. Ваквата регулација на семафорите веќе оддамна е пракса во европските земји , со што се зголемува безбедноста во сообраќајот, но и подобро се регулира движењето на автомобилите и нивното непотребно задржување на семафорите кога нема пешаци кои ја преминуиваат улицата.

Оваа локација беше одбрана како прва во градот, по иницијативата на граѓаните на Општина Аеродром за изнаоѓање на сообраќајно решение ,по низата сообраќајни незгоди на булевар Србија, во кои имаше и човечка жртва.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на ставањето во употреба на новиот механизам за регулирање на сообраќајот, истакна дека градот го зголемува нивото на безбедноста во сообраќајот.

Граѓаните кои денес го поминуваа овој Булевар изразија благодарност за зголемувањето на безбедноста, но дел од нив сеуште не го приметуваа тастерот па чекаа семафорот сам да го упали зеленот светло, дел од нив , се сомневаат дека уредот функционално ќе се употребува.