Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“

0
84

Обвинителскиот совет на Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми. Покрај Тодориќ во првото обвинение се опфатени и поранешните менаџери на Агрокор. Четворицата обвинети се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба овозможувајќи против законско плаќање на швајцарската компанија од 1,25 милиони евра. Тодориќ од ноември 2017 е под истрага и за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, околу 133 милиони евра. Во таа истрага се опфатени и неговите двајца синови, како и 12 поранешни менаџери на Агрокор.