Потпишани договорите за поддршка на младите земјоделци

0
79

Во Министерството за земјоделство денеска беа потпишани договорите за поддршка на млади земјоделци. Вкупно се склучени 102 договори со максимален износ од 10.000 евра. Ова беше втор повик на кој младите земјоделци можеа да земат неповратни финансиски средства и досега се склучија вкупно 526 договори.

„Младите луѓе во руралните средини се наш главен приоритет и работиме посветено на една поголема поддршка. Само да напоменам со последните измени кои ги направивме во Законот за земјоделство и рурален развој Ги зголемивме финансиските средства од 10 на 20 илјади евра. Следниот повик што се планира ќе биде во износ до 20 илјади евра“, рече Трајан Димковски- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Само со вложување навистина во младите луѓе, можеме да влијаеме врз одливот на младиот кадар од државата. Агенцијата и во наредниот период ќе продолжи да спроведува мерки и грант програми кои ќе нудат поволни услови за домашниот арго сектор и отварање на нови работни места“, изјави Николче Бабовски- директор на Агенција за поддршка во земјоделство и рурален развој.