Потпишан договорот за граничниот премин Лојане – Миратовац

0
76

Потпишан е договорот за граничниот премин Лојане – Миратовац.

Договорот до крајот на годинава се очекува да се ратификува во парламентите на Северна Македонија и Србија.

„Овие проекти влијаат нашите транзитни проекти да бидат поефикасни и побрзи со цел граѓаните кои патуваат во Северна Македонија и Србија да не чекаат долго. Се надеваме дека овој премин наскоро ќе служи и за проток на стоки.“

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека преминот Лојане – Миратовац е производ на балканскиот “мини шенген“. Зборувајќи пак, за преминот Белановце – Станчиќ, Османи рече дека отворањето доцни поради технички проблеми во Косово.