Пратениците ќе гласаат за автентичното толкување за членот 11

0
85

Hа дневен ред на денешната седница на Собранието како последна точка е Барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Собраниската Законодавно-правна комисија минатата недела заклучи дека нема потреба за давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година.

 

Спорното прашање околу овој член е дали преку истиот може да се прогласи за неважечка одлуката на поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов да се повлече фамозната аболиција во 2016 која ќе биде разгледувана од Уставниот суд.