Претседателот на Судскиот совет смета дека Законот за јазиците е неприменлив

0
76

Киро Здравев, претседателот на Судскиот совет, смета дека Законот за употреба на јазиците би бил неприменлив во правосудниот систем, односно дека не може да се спроведува во судските постапки.

Здравев се согласува со забелешката на која укажа Венецијанската комисија, бидејќи на таков начин ќе се одолговлечат процесите.

Тој за Сител вели дека и постоечките закони им овозможуваат на граѓаните кои не го разбираат македонскиот јазик да добијат превод.

Тој сепак додава дека имплементирањето најмногу ќе зависи од Собранието, односно дали таму ќе бидат прифатени заклучоците.