ПРИТВОР ЗА БИТОЛЧАНЕЦ: Малолетни деца полово злоставувани од сопствениот татко

0
83

Три малолетни дечиња биле жртви на сопствениот татко. Сексуалниот злоставувач е под око на ОЈО од Битола кое покрена истрага против 58 годишен маж од Битола.

 

Како што соопштија надлежните органи, Битолчанецот ќе се гоини за три продолжени кривични дела полов напад врз дете кое нема полни 14 години.

Според информациите од ОЈО, осомничениот повеќепати годинава вршел полови дејствија врз сопствените деца во семејниот дом во Битола.

Битолчанецот заврши во притвор од 30 дена.