ПРОБЛЕМОТ РЕШЕН: EСМ ќе инвестира три милиони евра во хидроелектраната „Вруток”

0
95

Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружница ХЕС „Маврово“, со три милиони евра инвестиција ќе се санираат водостанските шахти во хидроелектраната Вруток.

Директорот Ковачевски рече дека со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година.

Се очекува дека инвестицијата ќе овозможи зголемување на производство за 17.520MWh на годишно ниво, што по просечна цена на струјата изнесуваат околу 700 илјади евра, наведуваат од ЕСМ.

При посетата исто така утврдено е дека до овој момент производство на ХЕС”Маврово”(од трите централи ХЕЦ “Вруток”, ХЕЦ “Равен” и ХЕЦ “Врбен”), изнесува 370GWh, што е 104 отсто во однос на годишниот план.

Во 2014 година официјално во употреба беше пуштена модернизираната хидроелектрана „Вруток“. Со ова и формално беше означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во Македонија – реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД „Електрани на Македонија“.