Прогласен крај на епидемијата на морбили која траеше речиси цела година

0
75

Овој заклучок е донесен откако поминале 45 дена од последниот пријавен лабораториски случај на мали сипаници или два максимални инкубациски периода од последниот потврден случај.

– Сега се известуваат сите јавни и приватни здравствени установи во државата за одјавување на епидемијата со морбили на ниво на цела држава. Комисијата препорачува во континуитет да се одржува висок опфат со МРП вакцина (над 95 проценти), со цел да се превенираат идни епидемии. Инаку, вкупниот број регистрирани случаи со морбили во нашата држава, од декември 2018 година до крајот на минатата недела изнесуваше 1.901 случаи со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители – велат во МЗ.