Продолжува штрајкот во училиштата во Хрватска

0
109

Штрајкот во училиштата во Хрватска продолжува и денеска откако по маратонските преговори, не е постигнат договор меѓу претставниците на синдикатите за образование и хрватската Влада.

Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта Бранимир Михалинец изјави дека преговорите ќе продолжат денеска. Набргу потоа беше објавено дека заради продолжување на преговорите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го откажал учеството на Конференцијата за климатски промени на ОН во Мадрид.