ПРОНАЈДЕНА БОМБА ВО БЛИЗИНА НА СРЕДНОТО УМЕТНИЧКО УЧИЛИШТЕ

0
80

Се врши крим-техничка обработка на бомбата која беше пронајдена на паркингот кај средното училиште Лазар Личеновски. МВР подготвува известување до Обвинителството кое треба да издаде наредби за вештачење и да се утврди дали има траги од биолошко потекло . Анализите треба да откријат дали е рачна или школска бомба без експлозивно полнење. Полициски извори за ТВ24 велат дека направата која наликува на рачна бомба била поставена до бел автомобил, марка „порше” со скопски регистарски таблички. Според истите извори сопственик на поршето е познат бизнисмен во Скопје, кој поседува неколку дискотеки, повикан да даде и изјава во полицијата. Бомбата беше пронајдена на паркинг зад средното уметничко училиште Лазар Личеноски, каде беше извршена евакуација на учениците.

-Не беше ништо страшно во основа. Дојдоа екипите од МВР и побараа еден дел од нашето училиште да биде евакуиран. Конкретно се работи за паркингот зад Млин Балкан. Тоа се случуваше за време на големиот одмор, така што немаше сериозен прекин на наставата, вели директорот Димитар Филипов.