Протести и судири за време на „Ел класико“

0
72

Каталонските сепаратисти организираа протести во околината на стадионот Камп Ноу во Барселона каде што се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Барселона и Реал Мадрид.

Демократското цунами“, организацијата која најави дека ќе направи хаос и пред „ел класико“, па култното дерби беше обезбедувано со рекорден број на полиција (преку 3.000), влезе во жестока пресметка со безбедносните сили пред „Камп Ноу“ и на улиците додека сè уште траеше дербито се водеше вистинска војна.

Запалени контејнери, барикади, каменување, пресметка со полицијата беа сцените во близина на „Камп Ноу“, по што исходот е девет уапсени и 50-на повредени од немирите. Во немирите главен збор во пресметките водела ултрас групата на Барселона, Боксиос Ноис, чии членови се помалку ги има на трибините на стадионот, а тоа се лицата кои облечени во црно (стандардната гардероба на хулиганите) први влетаа во пресметка со полицијата, а потоа им се приклучија радикалните членови на „демократското цунами“.