Работен појадок во Брисел посветен на евроитеграцијата на Македонија и Албанија

0
77

Претходно, на работен појадок во Брисел, чиј домаќин беше шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, Димитров, обраќајќи се пред првите дипломати од повеќе земји-членки на Унијата, нагласил дека октомвриската одлука треба што побрзо да се корегира, бидејќи, како што вели, за нас е важна временската рамка.

 

„Сметам дека нема алтернатива за Западен Балкан, освен интеграција во ЕУ. Нема да ја играме улогата на жртва и да обвинуваме секого. Ќе продолжиме да создаваме убави вести, како за реформите дома, така и за добрите односи со соседите и ќе направиме да е невозможно за било која земја-членка повторно да каже „не“ во наредните неколку месеци“, вели Димитров.