Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

0
98

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа како сојуз на произведувачи и клиенти. Наместо тоа, според него, НАТО би требало да биде сојуз од партнери кои заедно ќе ја развиваат безбедноста, високата технологија и производството на воена опрема, пренесе БТА.

Предизвикав дебата за една друга линија што не дели, а воошто не се разгледува, а тоа е дека земјите се делат на производители и на клиенти, купувачи, рече шефот на бугарската држава на својот завршен брифинг по самитот на Алијансата во Лондон.

-Тука веќе позициите се сосема поразлични. Доколку си силна, високотехнолошка економија, која произведува воено оружје и  опрема за своите сопствени потреби и за извоз, кога инвестираш во модернизации сите пари заминуваат во твојата економија, кај твоите луѓе, и не подлажат на притисок од социјалниот систем. Но, кога си земја со послаба економија и не го произведуваш тоа оружје, тогаш 100 проценти од расходите што ги даваш за модернизации заминуваат во богатите земји. За нас тоа веќе навистина е товар, затоа што ни го оптоварува социјалниот систем- коментираше претседателот Радев.