Рама бара помош во закрепнувањето на земјата по земјотресот

0
122

Албанскиот премиер Еди Рама денеска ја повика меѓународната заедница да испрати финансиска и експертска помош за земјата да закрепне по силниот земјотрес во кој загинаа 51 лице, а илјадници останаа без своите домови. Според него, иако Владата работи на ребаланс на буџетот, ќе биде невозможно да се направи се без поддршка на меѓународните партнери.