Растот на извозот од 10,8 отсто потврдува дека економските политики на СДСМ се на прав пат

0
74

Официјалните податоци во континуитет покажуваат дека економските политики на СДСМ се на правиот, вистинскиот пат и дека даваат реални резултати.
Според податокот на Државниот завод за статистика, извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – октомври 2019 година, бележи пораст за 10.8  % во однос на истиот период од претходната година.
Тоа значи дека довербата во нашата економија е вратена, нашето стопанство е развојно и конкурентно на странските пазари.
Со официјалното членство во НАТО кое е извесно и со приближувањето до ЕУ, дополнително ќе се интензивира растот на извозот, но и позитивно ќе се влијае на отворање нови работни места и зголемено производство.
Како одговорна партија, СДСМ продолжува со спроведување на мерки и политики кои обезбедуваат раст и развој, поконкурентна економија, повисоки плати и повеќе пари кај граѓаните.

Извор 24инфо