Русија суспендирана од големите спортски настани: ВАДА изрече четиригодишна суспензија

0
82

Светската анти-допинг федерација и изрече на Русија четиригодишна суспензија од сите големи спортски настани. Ова значи дека руското знаме и химна нема да бидат дозволени и на Летните олимписки игри во Токио слендата година и на Светското фудбалско првенство во Катар 2020 година.

По суспензијата се огласи и Рускиот фудбалски сојуз со порака дека ФИФА уште нема официјален став за казната, па постои можност Русија да добие можност да игра на Мундијалот.

 

„Фудбалскиот сојуз на Русија уште не доби официјална порака од ФИФА по одлуката на анти-допинг агенцијата. Внимателно ја следиме ситуацијата и го почитуваме анти-допинг правилникот, па се надеваме дека ФИФА нема да го казни нашиот тим“, порачаа Русите.