Русковска: Очекував повеќе обвинети да признаат вина

0
72

Обвинителката која го води случајот „Рекет“, Вилма Русковска е задоволна од почетокот на судењето за случајот, но вели дека очекувала признание на вина од повеќе обвинети, а не само од обвинетиот Зоран Милевски Кичеец.

Таа пред новинарите го кажа дел од воведниот говор од судницата. За тврдењето на Бојан Јовановски дека со поранешнатра специјална јавна обвинителка, Катица Јанева седел во ресторани исто колку и со обвинителката Вилма Русковска. „Јас се познавам со неговата мајка, ние сме генерација, се познаваме од прво одделение. Јас лично Јовановски го запознав кога бев прв пат на гостување во 1 ТВ. Во ресторан сум била со него само на прославата на телевизијата“, рече Русковска.