„Само Вистина“ со Солза Грчева и Маја Морачанин

0
73

И Струга поднесе инвентар за дивоградби, ги има околу 3.300 на територија на општината, истакна вечерва во „Само вистина“, претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, прашана за имплементацијата на препораките од УНЕСКО. Таа потврди дека за оние во Струга , како и за околу 1000 дивоградби во Охрид, треба да започне да се оценува колку и штетат на животната средина, но и на културното наследство, па потоа да се премине на рушење. Од друга страна, претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева, нагласи дека зелените кај нас воопшто не се активни, особено што дозволиле енормно аерозагадување. Грчева обвини што властите воопшто го актуелизираат и Законот за легализација на дивоградби.

 

Судството е осудено да се справува со две фамилии, подвлече претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева во гостувањето во „Само вистина“. Според Грчева е жално каква разочараност кај граѓаните предизвикува сликата – специјална јавна обвинителка да се најде на обвинителната клупа, но додаде и дека „Рекет“ не е единствениот случај со кој се потврдувало дека сме мафијашка држава. За претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, корупцијата не прави сиромашни сите и е поразително што во јавноста е прифатено мислењето дека е потребно мито за да се заврши редовна административна услуга. Морачанин потенцира дека е неопходно да се провери имотот на судиите.